Грижата за клиентите и за нивната приватност претставува приоритет во Sovrshena.mk.

  1. Sovrshena.mk користи високо безбедни системи за да осигуриме дека вашите лични информации што ни ги доверувате со користење на нашата веб-страница  (како што се информациите за најава или други лични информации) остануваат целосно заштитени.​​

  2. Ние користиме безбедносенSecure Socket Layer (SSL) за криптирање на податоците. Ова ја гарантира безбедноста на вашите податоци.

  3. Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да се собираат, користат одржуваат и обработуваат при посета на веб-страницата на Sovrshena.mk, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.Оваа Политика е во согласност со Правилата за заштита на личните податоци. Информации кои ги собира Sovrshena.mk при посета на веб-страницата:

  4. • Информации со кои Вие се идентификувате при користење на производите и услугите на Sovrshena.mk, односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме.
  5. • Информации кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини ги користите, кои производи и услуги ги посетувате, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се Оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл.
  6. • Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.
  7. • Информации со физичката локација на вашиот уред. На пример, кога користите услуга локатор на најблиски подружници и сте дале согласност за споделување на вашата локација.

Како Sovrshena.mk ги користи собраните податоци?

  1. Sovrshena.mk може да ги користи информациите кои ги собира поради повеќе причини, и тоа:​​

  2. • Да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ, при што Ве идентификува; • Да обезбеди грижа за клиентите; • Да Ви побара мислење во врска со производите и услугите на Sovrshena.mk и за спроведување анкети во врска со производите; • Да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со Sovrshena.mk и нејзините производи и услуги; • Да реализира наградни игри, натпревари и други промотивни понуди; • Да ја разгледа можноста за Ваше вработување доколку се обратите кај нас преку веб-сајтот и аплицирате за работа во Sovrshena.mk; • Помош при рекламација или проблем при користењето на производите и услугите.

Дополнително собраните податоци се користат за:

  1. • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашиот веб-сајт, производи, услуги; • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации; • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите

Споделување на информации

  1. Sovrshena.mk не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон. Меѓународни трансфери на вашите информации во согласност со важечките прописи, а врз основа на Ваш налог/согласност при користење на производите и услугите на Sovrshena.mk Вашите информации може да бидат пренесени во други земји.

Рекламни комуникации

  1. При склучување деловен однос со Sovrshena.mkза користење на производите и услугите, Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и други комуникации преку пошта, e-mail пораки, телефон и/или текстуални пораки (SMS) од Sovrshena.mk. Овие комуникации може да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги од Sovrshena.mk. Добивањето на рекламен материјал и известувања од Sovrshena.mk може да ги откажете во секое време, со поднесување писмена Изјава до Sovrshena.mk. Ве молиме имајте предвид дека повремено може да Ви испраќаме важни информации во врска со производите и услугите на Sovrshena.mk кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.

Што правиме ние за да ги заштитиме Вашите информации?

  1. Sovrshena.mk ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба.

Што треба да направите Вие за да ги заштитите вашите информации

  1. Како општа најдобра практика на Интернет, Ви препорачуваме:​​

  2. • Не користете лесни лозинки (како единечни зборови од речник); • Не користете иста лозинка за повеќе сметки; • Користете долги лозинки (најмалку 8 знаци, но се препорачуваат и подолги); • Користете лозинки кои содржат комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци, на пр. $%^& и т.н.; • Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги; • Следете ги безбедносните препораки дадени од Sovrshena.mk.

Пристап до вашите информации и Вашите права

  1. Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Sovrshena.mk, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете сѐ до Sovrshena.mk. Доколку сакате да направите измена, надополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите до Sovrshena.mk или тоа да го направите преку веб страницата Sovrshena.mk. Ако мислите дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, може да се обратите до Sovrshena.mk.

„Cookies“ и „web bugs“

  1. Sovrshena.mk користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт и e-mail комуникации, познати како „cookies“(колачиња) и „web bugs“. На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници селектирале важни елементи (како линкови или графика) од веб-сајтот или e-mail пораките на Sovrshena.mk и да го препознаат пребарувачот следниот пат кога ќе го посетите нашиот веб-сајт. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на порталот на Sovrshena.mk и сајтот на Sovrshena.mk.​​

  2. Кога прв пат ќе пристапите на bigshop.mk ќе добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб страницата, изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии.
  3. Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Прифаќање на условите

  1. Со користењето на оваа веб-страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Sovrshena.mk. Ако не се согласувате со истата, Ве молиме не ја користите нашата веб-страница.Доколку имате какви било прашања во врска со Политиката за приватност на Sovrshena.mk при користењето на нашата веб-страница, погледнете ги нашитеПравила и услови за користењеможете да не контактирате онлајн  info@bigshop.mk, contact@bigshop.mk или на тел.+3892 3169 169.​​


Основни правила и принципи за заштита на личните податоци во Sovrshena.mk

  1. Заштитата на личните податоци Sovrshena.mk ја обезбедува за своите комитенти, вработените и сите други субјекти на личните податоци (физички лица на кои се однесуваат обработените податоци), чии лични податоци по било кој основ (согласност, договор и др.) и на било кој начин (автоматизирано или рачно) се обработуваат во Sovrshena.mk.​​

  2. 1. Личните податоци во Sovrshena.mk се обработуваат во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.
  3. 2. Sovrshena.mk ќе обезбеди целосна доверливост, интегритет и заштита на личните податоци, согласно законската регулатива и во согласност со одредбите од Правилникот за заштита на личните податоци на Sovrshena.mk и определбите содржани во Политиката за сигурност на информативниот систем на Sovrshena.mk. Sovrshena.mk обезбедува реална обработка на личните податоци на субјектите. Личните податоци кои се собираат и обработуваат во Sovrshena.mk ќе бидат соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат. Личните податоци во Sovrshena.mk ќе се чуваат само за период кој е потребен за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани. Sovrshena.mk ќе обезбеди личните податоци кои се собираат и обработуваат да бидат точни, целосни и ажурирани, а ќе ги избрише, односно ќе ги коригира неточните и неажурирани податоци во согласност со целта за која се обработуваат.
  4. 3. Обработка на лични податоци во Sovrshena.mk по правило се врши врз основа на дадена согласност на субјектот на личните податоци. По исклучок, Sovrshena.mk без посебна согласност од субјектот на личните податоци ќе обработува лични податоци кога обработката е потребна поради: извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или во случај на барање на субјектот на лични податоци, пред негово пристапување кон договорот; исполнување на законска обврска на Sovrshena.mk и други случаи определени со закон. Единствениот матичен број на граѓанинот во Sovrshena.mk се обработува врз основа на претходна согласност на субјектот на лични податоци или под услови утврдени со закон, заради идентификација на субјектот на лични податоции, остварување на правата или обврските на субјектот на лични податоци или на Sovrshena.mk и во други случаи определени со закон. Sovrshena.mk води сметка единствениот матичен број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.
  5. 4. Sovrshena.mk врши пренос на лични податоци во други држави во случај кога субјектот на лични податоци изречно се согласил да се изврши пренос на податоците, кога преносот е неопходен заради склучување или исполнување на договор склучен во интерес на субјектот на лични податоци, како и меѓу Sovrshena.mk и трето лице и други случаи под услови и по постапка утврдени со закон.
  6. 5. Субјектот на личните податоци има право на увид и исправка на податоците што Sovrshena.mk ги обработува за него, освен во случаите предвидени со закон. Субјектот на лични податоци може со писмено барање да оствари увид во збирката на лични податоци, по претходно наведување на податоците од збирката со кои сака да се запознае. Писменото барање субјектот може да го достави на Sovrshena.mk. Субјектот на личните податоци може да се информира дали и кои лични податоци што се однесуваат на него се обработуваат, целите и правниот основ на обработката на лични податоци, корисниците или категориите корисници, целта и правниот основ поради кои се дадени на користење личните податоци што се однесуваат на него и за изворите на лични податоци и кога се внесени и ажурирани. Sovrshena.mk писмено ќе го извести субјектот на личните податоци во рок од 30 дена од денот на поднесување на писменото барање. Кога Sovrshena.mk одговорил на барањето на субјектот на лични податоци за увид во неговите лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање. По барање на субјектот на лични податоци, Sovrshena.mk ќе ги дополни, измени, избрише или ќе го сопре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка нѐ е во согласност со правилата на Sovrshena.mk. Во случај кога Sovrshena.mk ќе утврди дека личните податоци се нецелосни,неточни или неажурирани, истите ќе ги дополни, измени или ќе ги избрише, независно од тоа дали субјектот на лични податоци има поднесено барање за дополнување или изменување на личните податоци. Правата и обврските на субјектот на личните податоци и на Sovrshena.mk можат да се ограничат само на начин и под услови утврдени со закон.
  7. 6. Субјектот на личните податоци има право да се согласи или да нѐ се согласи со употреба на неговите лични податоци за комерцијални цели. Доколку субјектот на личните податоци нѐ се согласил, Sovrshena.mk неговите лични податоци нема да ги користи за комерцијални цели. Субјектот на лични податоци има право во секое време да ја повлече дадената согласност за употреба на личните податоци за рекламни цели, со дополнително поднесување на барање до Sovrshena.mk.
  8. 7. За да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци на субјектот, Sovrshena.mk применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци и адекватни административни, технички и физички мерки и контроли според воспоставените стандарди за сигурност на информативниот систем, соодветно на ризикот при обработката и природата на податоците кои се обработуваат.
  9. 8. Одредени работи од својата надлежност во врска со обработката на лични податоци, Sovrshena.mk може да ги пренесе на обработувач на збирка на лични податоци врз основа на склучен писмен договор со кој се уредуваат правата и обврските на договорните страни. Sovrshena.mk постојано врши контрола дали превземените обврски се почитуваат.
  10. 9. Sovrshena.mk ќе ги предаде личните податоци на користење на корисник, врз основа на писмено барање од корисникот, доколку тие се потребни за извршување на работи во рамките на со закон утврдените надлежности на корисникот.Sovrshena.mk води евиденција за личните податоци кои се дадени на корисникот.
  11. 10. Субјектите на личните податоци може во секое време да го пријават секој случај на повреда на принципите за заштита на личните податоци со упатување на писмена пријава до Одговорниот за внатрешна контрола на Sovrshena.mk.
  12. 11. Сите вработени во Sovrshena.mk се должни, во согласност со законската регулатива и интерните акти на Sovrshena.mk, да се грижат за заштитата на личните податоци. Вработените во Sovrshena.mk се должни да го пријават секој случај на повреда на заштитата на личните податоци до непосредните раководители, кои веднаш за нарушувањата го известуваат Одговорниот за внатрешна контрола и Одговорниот за сигурноста на информативниот систем