Правила и услови на користење


  1. SOVRSHENA.MK ДООЕЛ, ја поседува и ja менаџира веб страницата sovrshena.mk и неговите мобилни апликации и верзии. Со употреба на оваа веб страница и нејзините услуги Вие се согласувате со Условите за користење (дефинирани подолу) и нашата Политика за заштита на лични податоци и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите за користење за да сте во тек доколку истите меѓувремено бидат променети. Со користењето на интернет продавницата Sovrshena.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.
    Забранета е продажба на алкохолни пијалаци и цигари на лица со возраст под 18 години и на енергетски пијалаци на лица со возраст под 14 години. Со купување на овие производи се изјаснувате дека имате 18 години, односно 14 години и повеќе..​​

    УСЛОВИ


  1. Испорачателот на производите е Друштво за производство, трговија и услуги SOVRSHENA.MK извоз-увоз ДООЕЛ кој преку својата интернет продавница овозможува купување на голем асортиман на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.
    Купувач се смета секое правно и физичко лице кое преку електронски пат ќе нарача и плати производи. Сите цени се изразени во македонската национална валута (ден) со вклучено ДДВ.
    Содржината на sovrshena.mk интернет продавницата е заштитена и Sovrshena.mk ДООЕЛ го има единственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината на sovrshena.mk мора предходно да добиете одобрение од наша страна.

  2. Нарачување

  3. Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот успешно ќе изврши плаќање. Sovrshena.mk се обврзува да ги испорача сите производи во избраниот термин од купувачот.
    Доколку Sovrshena.mk нѐ е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail и по договор со купувачот да го замени производот со друг.Цените на производите важат на денот на нарачката.
    Цената во Вашата кошничка е Ориентациона цена. Тоа е наша проценка колку ќе изнесува Вашата нарачка кога ќе Ви ја доставиме сo нарачаните производи. Меѓутоа истата може да се разликува минимално во зависност од производите кои Ви се испорачани.
    Тоа посебно се однесува во делот на спакуваните производи со различна грамажа (пр.Овошје и Зеленчук, Сувомеснати производи, млечен програм, замрзнат програм итн.) За производите што се на размерување, отстапување е дозволено до +/-50гр., ова значи дека од производите што се во вакум пакување, а се со цена на килограм, ќе Ви доставиме производот со најсоодветна грамажа.
    Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани, со највисоки стандарди и сортирани според содржината на производот. Купувачот е должен при преземањето на нарачката  истата да ја провери од евентуални оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно Sovrshena.mk не превзема никаква одговорност во понатамошно рекламирање.
    Купувачот се обрзува да ја плати сумата на нарачката по електронски пат преку платежна картичка или преку Про-Фактура.
    Sovrshena.mk во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој другподаток од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

    ПАБЛИК МЕДИА-ВИРАЛ ДОО, увоз извоз, Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

    ПАБЛИК МЕДИА-ВИРАЛ ДОО, увоз извоз, Скопје може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
    За да се регистрирате на нашата интернет страна треба да го потполните формуларот даден на sovrshena.mk Купувачот ја сноси одговорноста за точноста и потполноста на внесените податоци при регистрацијата. Доколку дојде до промени на поедини податоци кои ги имате внесено при регистрацијата должни сте да го ажурирате вашиот профил како би не информирале за настанатите промени. Адресата што ќе ја внесете при регистрација, важи за адреса на испорака доколку не направите измени при чекорите за нарачка.

  4. Задолжително пополнување на точни и комплетни податоци

  5. При регистрацијата секој корисник е должен да внесе точни податоци за своето име, презиме, адреса, е-маил адреса, телефонски број и број на трансакциска сметка. Доколку при регистрацијата, односно при купувањето, корисникот впише податоци кои што се неточни,непотполни или невистинити,односно податоци кои што би го спречилеи оневозможиле Sovrshena.mk комплетно да ја изврши нарачката и доставата, Sovrshena.mk во рок од 24 часа ќе направи 3 (три) обиди обид да го контактира корисникот кој ја направил  и платил нарачката (користејќи ги податоците кои што корисникот ги впишал при регистрацијата). Доколку и по сите 3(три) обиди, корисникот не може да се контактира, Sovrshena.mk го задржува правото да изврши задршка на 20% од исплатената сума.

  6. Достава

  7. Нарачката ја доставуваме со сопствени возила, секој ден од понеделник до сабота од 10:00 часот до 21:00 часот според избраните термини на купувачите. Во неделанема да се врши достава. За време на државни празници доставата е ограничена и во термини кои ќе  бидат определени од страна на Sovrshena.mk. Нарачките направени секој работен ден после 19:00 часот ќе бидат доставени наредниот работен ден во период наведен од купувачот. Секој купувач е должен при испорака на произвоите да ги провери за евентуални оштетувања, недостасување производ или промена. Доколку има било каков проблем околу нарачката купувачот е должен да пријави веднаш на доставувачот, во спротивно Sovrshena.mk не презема никаква одговорност. Доколку при време на испорака за дадениот термин купувачот не одговара на телефонот што сам го доставил го губи правото за испорака во истиот даден термин и ќе биде контактиран од наша страна во текот на истиот ден за одбирање на нов термин. Истото се однесува и кога купувачот ќе одговори на телефон но 5 минути не се појавува да ја превземе нарачката. Sovrshena.mk не гарантира дека следниот слободен термин ќе биде во истиот ден. Sovrshena.mk нѐ гарантира дека испораката ќе биде временски точна во следниве услови: – Екстремно лоши временски услови, – Состојба на елементарна непогода, – Друга официјална криза на локално или државно ниво. За проценка на нормалноста на условите одлучува Sovrshena.mk. Доплатата за испорака се пресметува во вкупната цена на нарачката. Политиката и условите на доставување подетално можете да ги погледнете во делот Правила за достава.

  8. Гаранција за квалитет

  9. Политиката за безбедност на храна на Sovrshena.mk е задоволување на барањата на своите купувачи пред се со нудење на производи и услуги со врвен и проверен квалитет. Со цел да ги оствариме барањата на купувачите, а при тоа придржувајки се до правилата и препораките за испорака на добар и квалитетен производ, континуирано ги одржуваме стандардите за испорака на безбеден производ и хигиена на храната. Ние ги почитуваме основните принципи на хигиена на храната со цел да обезбедиме безбедна храна погодна за употреба од купувачите. Унапредувањето во поглед на квалитетот и задоволување на барањата кои ќе ги сведат ризиците на прифатливо ниво се наша приоритетна задача. Задоволување на барањата на купувачите: Бидејки купувачот за нас е секогаш во предност во поглед на своите барања во врска со обезбедување на квалитетен производ и услуга, одржуван според законските барања во земјава, се трудиме да стекнеме се поголема доверба кај нашите купувачи. За таа цел, постојано се прилагодуваме кон нивните барања при тоа задоволувајќи ги нивните желби. Воспоставуваме континуиран партнерски однос со добавувачите и на тој начин ја  зголемуваме довербата и ја продолжуваме соработката, при што наоѓаме заедничко решение на сите потенцијални проблеми.

  10. Лични податоци и безбедност при плаќање

  11. Sovrshena.mk ќе ги користи личните податоци на купувачот во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни и регулативни потреби. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Sovrshena.mk нема да сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни. Sovrshena.mk ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да се спречи кражба или злоупотреба, како и неавторизиран пристап. Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашитесервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк БанкаСкопје која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции.Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас нѐ се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е Вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.Сигурноста на податоците за време на купувањето, ги гарантира процесорот на платежните картички, Халк Банка Скопје, со тоа се комплетира процесот на наплата кој се одвива на страницата на банката. Ниту во еден момент податоците за платежната картичка не се достапни на нашиот систем.
    Sovrshena.mk користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација е енкриптирана. Sovrshena.mk ги користи најбезбедните и заштитени сервери во светот Microsoft Azure и секој уред што се користи во Sovrshena.mk е обезбеден од Kaspersky Cyber Security and Anti-Virus Provider така што Вашите податоци кај нас се побезбедни од било кое друго место.
    Sovrshena.mk нѐ одговара за веродостојноста и целосноста на имињата и описите на производите како и за нивните слики.
    Кога го користите Sovrshena.mk или комуницирате преку e-mail со нас се согласувате дека сите спогодби кои се пренесени преку електронски пат ги задоволуваат правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.
    Корисникот се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Sovrshena.mk ДООЕЛ, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за оштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.
    Sovrshena.mk нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, ембарго или карантин, штајкови, грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер или друго.
    Sovrshena.mk го задржува правото на измена на овие услови и правила без претходна најава. Сите промени се применуваат при вашето користење sovrshena.mk интернет продавницата. Доколку нѐ се сложувате со наведените правила на користење или нѐ ви се јасни Ве молиме да не контактирате.

    За тоа време Ве молиме да нѐ ги користите услугите на нашата интернет продавница.